Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Покрај старите хитови, на прославата ќе го изведат и новиот сингл „Модерна љубов“, чие видео излезе денес.

Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.