Денеска е 4 октомври (по стар стил) и се слави Светиот свештеномаченик Еротеј.

Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј.

Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора.

Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на ерарх и венец на маченик.