Светите Отци за Пресвета Богородица
Свети Игнатиј Богоносец (30-106)
на својот учител – св.Јован Богослов му го пишува следново:
Ми се даде можност, и планирам да дојдам кај вас за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус; за Неа велат дека таа е чесна, мила, и возвишено чудо во сѐ, и сите сакаат да ја видат. А кој не сака да ја види Девата и да беседи со онаа која го носеше вистинскиот Бог? Од нас таа е возвеличена како Мајка Божја (Богородица) и Дева полна со благодат и добродетели. Велат за неа дека е радосна во маките и гонењата, не жали во немаштија и оскудност, и не само што не се гневи на оние кои ја навредуваат, туку и уште повеќе добрини им укажува… сите кои ја гледаат се восхитени.

Но, според средновековниот документ наречен Златна легенда постои директна преписка меѓу св. Игнатија Богоносец и Богородица. Еве што св. Игнатиј и пишал на мајката на Исус:

„На Марија Христоносичката, нејзиниот Игнатиј. Треба да ме засилиш и утешиш, неофит и ученик на твојот Јован, од кого научив многу работи за твојот Исус, луда за кои занемев кога ги слушам. Желба на моето срце е да се уверам во овие работи што ги слушнав, од вас кои секогаш сте биле толку блиску до Исус и сте ги споделувале неговите тајни. Се молам и неофитите што се со мене нека бидат зајакнати во верата, од тебе, преку тебе и во тебе.“

Според истиот документ, Богородица му одговорила на св. Игнатиј:

На мојот сакан соученик Игнатиј, од оваа скромна слугинка на Исус Христос. Работите што сте ги слушнале и научиле од Јован се точни. Верувајте им, држете се до нив, бидете цврсти во извршувањето на вашата христијанска обврска и обликувајте го својот живот и однесување. Заедно со Јован ќе дојдам да те посетам, тебе и оние што се со тебе. Стојте цврстово верата. Не дозволувајте тегобите на прогонството да ве потресат и вашиот дух нека биде силен и радосен во Бога и во вашето спасение. Амин.“