Денеска е 19 октомври, по стар стил, и се слави Пренос на моштите на Преп. Јован Рилски.

Главниот празник на преподобниот Јован Рилски е 18 август (по стар календар) и таму е поподробно опишано неговото житие.

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти од Софија во новата столица Трново.

Живееше како отшелник на планината Рила во X век, во времето на благоверниот цар бугарски Петар. Уште за време на животот беше нарекуван земен ангел и небесен жител, а од Бога доби дар на исцеление и чудотворство. Се упокои на 18 август 946 година, а 34 години подоцна им се јави на своите ученици и им заповеда да ги откопаат неговите нетлени мошти и да ги пренесат во Средец (Софија).

Таму моштите се наоѓаа два века, до 1195 година, кога царот Асен ги пренесе во столицата Трново.

Во 1496 година, откако добија разрешение од султанот, монасите од Рилската обител ги вратија моштите на светителот од Трново во основаниот од него Рилски манастир.