Со името на Теодор Тирон е поврзан и празникот Тодорова Сабота (Тодорица) што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост

Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта туку пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување, и бил запален на клада на 2. III/17 II 306 година.

Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден. Оваа година Тодорова сабота е на 4 март.

***

„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен.

Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог.

Пострада во 306 година.