Ќерката на мултимилионерот Берни Еклстон, Петра по вторпат ќе стапи в брак, а овојпат нејзин избраник е препродавачот на луксузни половни автомобили, Сем Палмер. Свеченоста ќе чини речиси 17 милиони евра.

Првата свадба на богатата наследничка со Џејмс Стант, во 2011 година, чинела над 13,5 милиони евра и сѐ тоа траело три дена. Но, тоа Берни не го плати…

Венчаницата со потпис на Вера Ванг, пак, чинела речиси 90.000 евра. Британската Формула 1 легенда, потоа изјавуваше дека сумата е апсурдна и затоа одбил да плати.

На тогашната свеченост настапија Андреја Бочели, Алиша Кис, Дејвид Гета, „Блек Ајд Пис“ и Кралската филхармонија.

Втората свадба е закажана за 10 август годинава во Мексико.