Како сведок на денешното судење за настаните од „27 април“ се појави пратеникот на СДСМ Диме Велковски, кој е и поранешен пратеник, рече дека добро ги познава процедурите.
Но, како што објави Република, кога адвокатот Еленко Миланов почна да го прашува за тоа што се случуваше тој ден во Собранието, Велковски одговараше збунето и оти не ги разбира прашањата.
Велковски не можеше да се сети дали седницата на 27 април требало да продолжи следниот ден, ниту пак дали се потпишал самиот тој.
– Многу работи се потпишуваа, не се сеќавам, рече Велковски.
Тој не го разбра ниту прашањето во кој период од денот на 27 април дознал дека седницата треба да продолжи спедниот ден.
– Не ви го разбирам прашањето, рече тој.
Велковски е брат на директорот на средното училиште во Кавадарци кој доби европски пари од Лидија Димова да тренира магариња.