Заврши третата седница на која Главниот штаб за управување со кризи го разгледа планот на Министерството за здравство, кои објекти ќе треба да се обезбедуваат.

Како што информираат од ЦУК за МИА, во 14 часот треба да се одржи седница на Управувачкиот комитет во Владата.

Во секој момент се очекува в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов да соопшти детали од седницата на Главниот штаб.

Тој во изјава за МИА вчера објасни дека Акцискиот план ќе се операционализира од страна на МВР, а Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.