Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ објави потресно сведоштво. Истото сведочи колку тешко живеат пензионерите во Македонија.
„Ова што го јадам се вика жетварска салата. Се состои од лук, толчен, оцет и водичка. Имаме многу пари… лековите да ги купам и друго немам. Кога ќе ги платам домашните расходи – струја, вода – ништо не останува! Трпиме!“ сведочи една пензионерка на денешниот протест на пензионерите.
Пешевска, која го објави ова сведошство, се обрати до министерката за труд и социјална политија Јованка Тренчевска:
„Жално да се гледа, уште по жално да се слуша!
Македонскиот пензионер е доведен до степен да јаде леб, лук, оцет и вода..
Се чувствувам згрозено“!… напиша таа.