Светската програма за храна (WFP) на ОН денеска соопшти дека ќе ја прекине месечната помош за 500.000 луѓе во Газа поради недостиг на средства, притоа предупредувајќи дека потребите остануваат критични.
„Почнувајќи од овој месец, ја укинуваме помошта за половина милион луѓе од вкупниот број на оние на кои им помагаме“, изјави Шон Хјуз, директор на WFP за земјата, пренесуваат француските медиуми.
Со овие кратења, бројот на Палестинци кои добиваат помош од WFP – во вид на храна или парични средства – се намалува на 1,1 милион луѓе, што сè уште претставува приближно половина од населението во Газа, која е тешко погодена од војната.




