Австралиската полиција денеска објави потерница за двајца мажи осомничени за „кражба и обид за кражба” на тоалетна хартија во неколку супермаркети во Сиднеј.
Властите на Нов Јужен Велс објави фотографии на осомничените, наведувајќи дека еден од нив се заканувал со нож кон вработен во еден од трговските објекти.
– Граѓаните на Нов Јужен Велс нема да толерираат криминално однесување во кое било време, а особено не во криза, изјави министерот за полиција и итни служби во оваа австралиска сојузна држава, Дејвид Елиот.
Корона-кризата во голем дел од продавниците низ Австралија предизвика недостаток на некои намирници, како што се тоалетната хартија и одредени прехранбени и хигиенски производи. Некаде тоа предизвика и тепачки меѓу купувачите, па трговиските објекти мораа да ограничување на количините што може да се купат. Така, особено внимание привлекува одлуката на еден супермаркет – еден пакет тоалетна да може да се купи за 3,5 австралиски долари, но ако купувачот сака два пакета, ќе треба да плати 99 долари. Ова – со цел рамномерна распределба и да се намали т.н. алчно купување.