Водостоите на само неколку реки во земјава се во рамки на просекот за март. Двојно пониски се Лепенец кај Скопје, Црна кај Новаци и Сатеска кај Ботун.

Според УХМР, снижени, но не драстично се и нивоата на Вардар кај Велес, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани.

Охридското и Дојранското Езеро бележат извесни зголемувања, додека кај Преспанското е забележано одредено намалување.