Саксофонистот, пејач и композитор Ману Дибанго почина како последица од зараза со коронавирус.

Имаше 86 години.

Дибанго е роден во Камерун. Како виртуоз на саксофон и вибрафон, музичарот беше познат по специфичниот стил – мешавина од џез, фанк и традиционална камерунска музика.