Земјиното магнетно поле, на кое се темелат глобалните навигациски системи, забрзано се менува, па така Северниот пол се повеќе и се побрзо се оддалечува од Канада и се поместува кон Сибир.
Поради тоа, Светскиот магнетен модел (WMM), наместо во 2020 година, како што беше планирано, ќе се ажурира на 30 јануари оваа година.
Иако првично беше објавено дека ажурирањето на Светскиот магнетен модел ќе биде на 15 јануари оваа година, датумот е поместен поради делумната блокада на работата на американската администрација, пишува весникот „Природа“.
На основа на Светскиот магнетен модел се подесуваат сите навигации (GPS) од Гугул мапата на паметните телефони до бродските системи.
Светскиот магнетен модел се ажурира на секои пет години со цел современата навигација да може да ги следи промените во Земјиното магнетно поле.
Иако требаше да се ажурира во 2020, до 2018 година толку се наруши што беше потребно итно ажурирање.
Всушност, Северниот магнетен пол минатата година ја надмина Меѓународната временска граница со брзина од 55 километри годишно, што е трипати побрзо отколку што се движеше пред 1990. Иако не е позната точната причина поради која тоа се случува, научниците претпоставуваат дека причина за поместувањето е голем слој течен метал под Канада. Магнетното поле е во постојано движење, а проемните ги забележале и сателите на Европската свемирска агенција.
Во прв ред, веќе во 2016 година дојде до геомагнетско поместување под Јужна Америка, што значи дека Светскиот магнетен модел се помести веднаш по последното ажурирање во 2015 година. Освен тоа, поместувањето на Севернот магнетен пол дополнително ја влоши состојбата.
Значи, според проценките на научниците, оваа грешка се должи на комбинираниот ефект на глобалното геомагнетско забрзување што се појави во периодот од 2015 до 2016 и брзите промени на магнетното поле во самото северно поларно подрачје.
За да се исправи моделот, научниците во него вклучија податоци собрани во последните три години, вклучувајќи го и забележаното геомагнетно поместување од 2016. Новиот модел, кога ќе биде објавен, треба да остане точен се до следното редовно ажурирање во 2020.
Филд Ливермор, британски геомагнетичар од Универзитетот во Лидс, на состанок со американските геофизичари истакна дека положбата на Северниот магнетен пол најверојатно зависи од две крупни магнетни полиња, едното е под Канада, а другото под Сибир.
– Како што стојат сега работите, сибирскиот го добива натпреварот, заклучи Ливермор.
Во најлошо сценарио, Земјиното магнетно поле би можело да се сврти така што Северениот пол да стане Јужен, а Јужниот – Северен. Тоа би можело да ја уништи глобалната електрична мрежа, а животот на површината на планетата да го изложи на голема количина сончево зрачење.
Натура/МИА