Поради свлечиште во прекин е сообраќајот на патот Битола – Ресен кај селото Крклино.

Како што соопшти АМСМ, поради свлечиште над патот А3 Битола – Ресен поточно на раскрсница за селото Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај месноста Билбил Камен, истиот е затворен во двата правци од 19.40 часот.