Во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга вчера бил извршен е службен разговор со 62-годишниот М.З. од струшкото село Ливада, кој е осомничен за убиство на кучиња во Струга.
„Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил 7 кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење“, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.