Директорот на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека е подготвен шестмесечен план за борба против ширењето на еболата, за чија реализација ќе бидат одделени 518 милиони долари.

-Не почнуваме од нула, овој план се базира на претходните епидемии и здравствени кризи од изминатите години, наведе Гебреисус.

Африканските центри за контрола и превенција на болести, исто така, ќе бидат вклучени во борбата против ширењето на еболата.

Имплементацијата на планот започнува овој месец и ќе продолжи до ноември.

– Борбата против еболата бара политичка посветеност, одржливо финансирање и доверба во ангажманот на локалните заедници, посочи Гебреисус. МИА