Околу 310.000 лица учествуваа на Првомајските демонстрации во Франција, при што беа организирани околу 250 поворки во повеќе француски градови, јавува МИА.

Бројката од 310.000 учесници ја даде синдикатот СЖТ, а според Министерството за внатрешни работи ги имало само 151.000 во 14 часот. Кабинетот Окуранс, кој е мандатиран од повеќе француски медиуми во Париз изброи 40.000 демонстранти, додека полицијата само 16.000, а синдикатите 80.000.

Насилството беше спорадично, многу силно на почетокот на демонстрациите, пред самиот почеток на поворката околу 13 часот. По што насилниците беа растурени при што една граната со солзавец падна веднаш до лидерот на синдикатот СЖТ, Филип Мартинез.

Синдикатот СЖТ преку соопштение за печатот протестираше на „прекумерната употреба на сила од силите на редот“.

-Сценариото кое во тек, е скандалозно и досега невидено, тоа е неприфатливо во нашата демократија, стои во соопштението.

Потоа веднаш пред плоштадот „Италија“ наеднаш дојде до повторни тензии, откако десетина лица облечени во црно фрлаа предмети врз силите на редот и започнаа да уништуваат една банка. Силите на редот користеа водени топови и солзавец, по што имаше силни судири со демонстранти со качулки на главите. На плоштадот „Италија“ има чудна атмосфера, од една страна има музика и луѓето играат, а од другата се фрла солзавец и гранати за растурање на демонстранти.

Во Париз до 17 часот и 30 минути 220 лица беа притворени, назначи јавното обвинителство, а според полицијата биле уапсени 228 лица, а биле извршени 1530 превентивни контроли.

Една руска новинарка тврди дека бил малтретиран од полицијата и покрај тоа што носела ознака на новинар.

-Шлемот ме заштити од посериозни повреди, но се уште ме боли раката, рече Викторија Иванова за руската агенција РИА, на што веднаш реагираше рускиот министер за надворешни работи кој бара „истрага за овој инцидент“.

Изутринава 350 француски новинари објавија јавна трибина за да протестираат против „се побројното насилство од страна на државата на која се жртви новинарите“. Потсетувајќи дека немаше ниту една демонстрација или собири последниве месеци без да некој новинар не бил физички или вербално малтретиран од силите на редот.

Тројца припадници на силите на редот се повредени, еден од повредите беше погоден со камена коцка на во главата.