Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД се подготвени да преземат воена интервенција, со цел да ги спречат немирите во Венецуела.

– Воена акција е можна. Доколку биде побарано, САД тоа ќе го направи, истакна Помпео.

Сепак, тој додаде дека САД повеќе се залагаат за мирна транзиција на власта во Венецуела, но ќе направат се што е во нивна моќ за да не ескалира ситуацијата.