Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска отпатува во посета на САД, која се случува, како што е наведено на неговиот сајт, во важен период за земјата, кога таа се „ангажира во конкретизирање на евроатлантската перспектива и постигнување конечен договор со Србија кој треба да резултира со взаемно признавање и членство на Косово во ОН“.

Во Вашингтон Тачи ќе има средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Џон Болтон.