Две државни клиники во Берлин го суспендираат вакцинурањето со АстраЗенека за жени на возраст под 55 години. Портпаролот на клиниките Шарите и Вивантес го потврдил ова за „Тагесшпигел“ денеска.
„Иако немаше никакви компликации во Шарите по вакцинирањето со АстраЗенека, Шарите сака да дејствува вниматело и со претпазливост и да чека на последните проценки за вакцината“, изјавиле од универзитетската клиника во Берлин.
Илјадници вработени во болниците во Шарите и Вивантес веќе ја примиле првата доза на АстраЗенека. Бидејќи мнозинството вработени на клиниките се жени, многу вакцинации ќе бидат стопирани по мерката која с еоднеусва на жените под 55 години.
Вкупно 19 000 вработени работат во Шарите. Во Вивантес има 17.000 лица, кои покрај во клиниките работат и во домовите за стари лица. Според информациите на Тагесшпигел, две третини од вработените во Шарите се вакцинирани, од кои 70 проценти се со АстраЗенека.
…Нејасно е, пишува Тагесшпигел, дали оние кои претходно ја примиле првата доза на Астразенека, ќе ја добијат и втората доза на овој препарат.
Според медиумите, сега и другите болници ја разгледуваат оваа можност, но проблем е што во тој случај вакцинирањето речиси ќе престане бидејќи залихиките на Бионтех и Модерна се помали. Руската и кинеската вакцина не се споменуваат воопшто во германските медиуми, веројатно бидејќи се идеолошки неподобни.
Округот Еускирхен во понеделникот привремено ја запре вакцинацијата со АстроЗенека откако беа пријавени два случаи на создавање тромбови од кои, во едниот, починала вакцинирана жена (47). Пациентката развил тромбоза на синусна вена во мозокот неколку дена по вакцинацијата. Друг вакциниран, исто така, развил тромбоза по вакцинирањето и во моментов се лекува.
Нејасно е зошто мерката се однесува само на жени и зошто само на помлади од 55 години.
Берлинската полиција минатата недела ги суспендираше и вакцинациите во АстраЗенека. Ова произлегува од писмото до 25,000 вработени за кое „Тагесшпигел“ вели дека го има.
Полициските службеници кои веќе ја примиле првата вакцинација со Астразенека може да одлучат „дали треба да преземат целосна заштита од втората вакцинација или да се откажат од тоа од лични причини“.