Црешите процветаа низ цела Јапонија шест месеци порано откако два моќни тајфуна ја погодија државата во септември, ги отстраниле сите лисја од дрвјата, го загреале воздухот и предизвикале вонсезонско цветање.
-Секоја година, на одделни локации црешите цветаат прерано, но оваа година се случува низ целата земја, вели Тору Којама од Јапонската асоцијација на цвеќиња.
Двата тајфуна, вклучувајќи ја и најмоќната бура што ја погоди Јапонија во изминатите 25 години, ги ослабуваат супстанциите кои во растенијата блокираат цветање, вели Којама.
Воздухот од тропските предели донесен од бурите донесе топлина што преедизвика пад на температурата, имитирајќи пролетни температурни трендови и цутењето започна. Неочекувано цветање се случи во време кога светот е загрижен за глобалното затоплување.