Ковачевски и Владата стојат зад Тајни имоти, не ја известувале ДКСК за именувани функционери, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својот имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска. Имот криеле директори на големи државни институции, кои водат важни органи. А дел од именуваните функционери уште пред Ковачевски да им смисли одбрана признаа дека не го ставиле својот имот на увид на јавноста преку ДКСК.Ковачевски и ДКСК наместо да си ја префрлаат топката, секој нека почне од сопствениот двор. Ковачевски да ги разреши, а ДКСК да отвори постапки за функционерите кои криеја имот. Одговорност мора да има, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.