Тајван денеска го покрена својот прв телевизиски канал за вести, начин на живот и забава, на англиски јазик. Целта е да добие поголема меѓународна изложеност додека растат тензиите со Кина, јавија дел од светските медиуми.

„Тајван плус“, поддржан од Владата, почна да работи минатата година како онлајн стриминг платформа.

На церемонијата на отворањето на каналот, претседателката Цаи Инг-вен посочи дека „Тајван плус“ веќе го подигнал меѓународниот авторитет на Тајван, а ќе помогне и во изградбата на уште поблиски врски со земји, што споделуваат слични вредности на слобода и демократија.