Тајван соопшти дека се откажува од планот за купување на нови американски хеликоптери против подморници.

Како причина за откажаната зделка е наведена превисоката цена и оти тоа е вон можностите на Тајван.

Тајпеј исто така го пролонгира и купувањето на артилерискиот систем за средно самоодни хаубици М109А6 и мобилната противвоздушна ракета Стингер.