Тајванскиот технолошки гигант и добавувач на Епл, Фоксконис, во Висконсин, САД гради фабрика за ЛЦД во вредност од речиси 9 милијарди евра.

Во фабриката ќе се отворат 13.000 работни места. Претставници на компанијата велат дека уште 20.000-25.000 луѓе ќе можат да се вработат во компаниите кои ќе доставуваат разни артикли.

Лично американскиот претседател Доналд Трамп беше на отворањето, а на прославата кажа дека тоа се случува заради неговата трговска политика. За фабриката рече дека е „осмото светско чудо“.

Во суштина, како што наведуваат некои експерти отворањето на новата фабрика е резултат на американско-кинеската трговска војна. Од друга страна, таа се субвенционира со пари од американските даночни обврзници во износ од 3,5 милијарди евра – 2,6 милијарди евра се владина помош, додека 0,9 милијарди се локални субвенции, како на пример изгрдба на патни врски.

Демократската партија остро ја крикуваше изградбата на фабричките постројки. Сенаторката од Висконсин Џенифер Шелинг рече дека субвенциите „се најголемиот подарок американската историја финансиран од даночните обврзници за странска компнанија“.

Инаку, во напис на Блумберг, се наведува дека на само 50 километри од тоа место се наоѓа седиштето на Харли-Дејвидсон, производител на моторцикли кој најави дека дел од своите погони ќе пресели во Европа, заради трговската војна меѓу САД и ЕУ.