Талибанските милитанти физички малтретираа најмалку двајца авганистански новинари од популарен локален весник во Кабул, бидејќи известувале за протестот на активистките за женски права, јави ДПА.
– Траги од десетици кабли и камшици се на лицата и главите на двајцата колеги од Етилаатроз. Ги донесовме во канцеларија слаби и во состојба на летаргија, напиша на Твитер Заки Дарјаби, издавач на Етилаатроз, истражувачки онлајн и печатен весник.
Милитантите претходно во Кабул кусо време приведоа пет новинари од весникот.
Фотографиите и видеата што ги сподели Дарјаби покажуваат како двајца од новинарите, помодрени од тепање, едвај одат или зборуваат по нивното ослободување.