Кралот на Саудиска Арабија Салман го отпушти директорот за јавна безбедност Халид бин Карар ал Харби, и нареди да се спроведе истрага за наводите за корупција, јавија денеска локалните државни медиуми.

– Службата на Калед ал-Харби е прекината, што го наведе да се пензионира и да се почне истрага, јави официјалната новинска агенција СПА, повикувајќи се на кралски декрет.

Харби, заедно со уште 18 лица од приватниот и јавниот сектор, е обвинет за проневера на јавни пари, фалсификување, поткупување и злоупотреба на влијанието, се додава во информацијата.