Кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари ги откри имињата на носителите на листите за пратеници кои ќе дојдат од оваа коалиција.

Како што најави Таравари, носители на листите во областите ќе бидат сите лидери на политичките партии, Движење Беса, Алтернатива и Демократско движење.

Во ИЕ1 ќе биде Изет Меџити, во ИЕ2 Африм Гаши, додека Биљал Касами ќе ја предводи листата во ИЕ6. Во петката се спроведуваат анкети за тоа кој ќе ја води листата, но оваа единица ќе и припадне на Алијанса за Албанците, рече Таравари.

-Носител во зона 1 е Изет Меџити, носител во зона 2 е Африм Гаши, носител во зона 6 е Биљал Касами. Во областа 5 правиме анкета, ќе биде од Алијанса за Албанците, верувам дека за 3-4 дена ќе ве информираме, рече Таравари.