Јас претендирам да бидам претседател на Република Макеоднија, живеам во Македонија, плаќам даноци во Македонија, земам различни услуги во Македонија, и мојата држава е Македонија, рече претседателскиот кандидат Таравари во интервјуто за Телма. Секако ме интересира и регионот, додаде тој, меѓутоа Македонија е пред сѐ, иако сум заинтересиран да имаме што подобри релации со државите од регионот, и особено Косово и Албанија.

Сепак, Таравари не пропушти да потенцира дека Србија има преголемо влијание во Македонија, поради тоа што тој го смета процес на „Југословенизација“.

Мислам дека процесот на „Југословенизација“ на Македонија е огромен проблем на државата. Не на Албанците, генерално на сите ние што живееме овде. Огромниот импакт, влијание што го има Србија во Македонија е огромен проблем за државата. Јас мислам дека треба да имаме еквидистанца со сите околни држави, и истовремено да имаме добри односи со сите држави. Јас мислам дека тој дебаланс меѓу влијанието на Србија и другите соседни држави ѝ прави штета на Македонија, секако. И мислам дека тука треба да се балансираме и да се оневозможи тоа влијание, бидејќи се ствараат одредени фрустрации, посебно кај нашите сограѓани Македонци. Видете, нема како да се објасни зошто толкава бугарофобија има, а немаше фобија кон Грците, смета Таравари.