Единствен кандидат за претседател на партијата Алијанса за Албанците е сегашниот вршител на должноста Арбен Таравари. Тој пред Комисијата во централните канцеларии на партијата денес достави над 1.800 потписи за поддршка од членови на повеќето ограноци, а изборот ќе се одржи на вонредниот конгрес на 17 декември.

Таравари рече дека се работи на целосна реорганизација на партијата и дека ќе бидат конструктивна опозиција како и досега, а за опцијата за влез во Владата, истакна дека засега нема преговори.

„Нема преговори, ако има ќе излеземе пред вас и ќе кажеме се што има. Ние ќе ги поддржиме уставните промени за вметнување на Бугарите во бугарскиот етникум во Македонија во преамбулата, без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или ќе бидеме опозиција. Така што тоа сме го кажале од првиот ден и продолжуваме да го кажуваме истото. Кога ќе има преговори ќе ве известиме и ќе бидеме максимално транспарентни“, рече Таравари.