Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари, во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“, на ТВ Алфа истакна дека на следните локални избори за кои рече оти верува дека ќе бидат заедно со предвремени парламентарни избори, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, убедливо ќе победат.

Тој посочи дека иако одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори работеле во корист на СДСМ, сепак не им успеала стратегијата, а за пример го спомена градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Градоначалникот на Кавадарци, за изборите работеше за СДСМ, но во Кавадарци изгубија СДСМ. Одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ за да направат раздор во партијата работеа за СДСМ. Одредени поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ работеа за СДСМ овие избори. Така што, минимумот на ВМРО-ДПМНЕ беше на овие избори, 320.000 гласови. Во СДСМ веќе има огромно незадоволство, внатре има тотално разочарување. И затоа, самите анкети ќе покажат, но и СДСМ самата ќе бара да има предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Ако не се случи некој раздор во ВМРО-ДПМНЕ, по сѐ изгледа дека нема, но ако се случи тоа би било единствена позиција кога СДСМ не би барала предвремени изброи. Јас гарантиран дека следните избори, коалицијата Алијанса-ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо. Три четвртини од општините ќе ги добие опозицискиот блок, рече Таравари.