-Вчера во општина Чашка од страна на полицијата беше приведена група која што купувала гласови за ДУИ. За жал во групата беше и еден верски припадник, нешто кое што покажува на кое ниво ДУИ ги доведе верските институции.

-Денеска во Охрид приведени се 4 лица, а на други двајца од страна на обвинителството одземени им се мобилните телефони, затоа што се фатени во купување на гласови. Сите за ДУИ.

-Во општина Чаир имаше обид за кражба на изборен материјал, што за среќа беше оневозможено од страна на полицијата.

-Исто така денеска се известува за уште еден скандал во низа, претседателот на ФФМ бил фатен во купување на гласови во Кичево. Срам и црна страница.

-Ги повикувам чуварите на редот и судството силно да го осудат купувањето и крадењето на гласови. Сите да знаат, кој ќе посегни по слободната волја на граѓаните ќе оди во затвор. Промените нема да бидат запрени. Но, едно сакам да потенцирам. Не е ништо ново дека тие се обидуваат да купат и украдат гласови. Ова секогаш го правеле. Најновото нешто е тоа што: овој пат тие се притвораат, се апсат, и сите ќе бидат казнети!, пишува во својата објава на Фејсбук Таравари.