Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари по седницата на највисокото партиско тело во Тетово.
Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда, Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците.
Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие.
Таравари за утре најави средба со премиерот Димитар Ковачевски на која ќе ги објави имињата на идните министри и заменици министри.