Семејството на Маја и Предраг Трпчевиќ во понеделникот ја доби својата шеста ќеркичка и велат дека децата се нивна најголема радост и мотив за сѐ во животот. Отсекогаш сакале да имаат големо семејство со многу деца. Тие се горди родители на 11 и полгодишната Мила, 9 и пол години Лина, 7 и пол Ева, Ника 4 и пол, Нина три години и новиот член за кого сите заеднички ќе се договорат за името.
– Секое дете се сака еднакво, се сака премногу. Кога бројот на деца во семејството се зголемува, тогаш љубовта се множи. Секој од нас на среќата гледа со свои очи, ја доживува на свој начин, за мене овие деца се среќата. Нив ги гледам како разубавување на животот и стресното и динамично секојдневје. Најбитно од сè ми е да ги гледам како растат и да ги советувам и учам. Уживаме во улогата на родители, со сите свои убави и стресни моменти што ги носи детството. Моја препорака за сите парови што сакаат и можат е да го зголемат семејството, прекрасно е. И покрај кариерата, може да се изгледаат две, па и три дечиња. Правете го она што ве прави среќни, вели Маја.
Со сопругот Предраг, со кого се во брак 14 години, се поделени во домашните обврски. Секој си има свои задачи и задолженија, но тука се еден за друг и си се најголема поддршка.
– Поделени сме во обврските, а најголемата поддршка ја имам од мојот сопруг, кој е задолжен за голем дел од обврските на децата. Мама подготвува оброци за на училиште, облека, а тато е тој што е задолжен за превоз до училиште и активности по училиштето. Викендите и слободното време ги користиме за прошетки и уживање сите заедно, објаснува Маја.
Целата пориказна може да ја прочитате ТУКА