Тажна вест ја погоди македонската спортска јавност. Утрово на 38-годишна возраст од непознати причини почина Јулија Портјанко, поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. Петров и Македонија.
Јулија Николиќ Портјанко, во Скопје дојде од Украина и стана член на екипата Еуростандард. Во редовите на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.
Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.