Тела на починати од Ковид-19 биле пронајдени фрлени во некои индиски реки, соопштија локалните власти за прв пат, официјално признавајќи ја оваа алармантна практика.

Наводно, ова е последица на сиромаштијата и стравот од болести во оддалечените области.

Слики од трупови кои лебдат низ реката Ганг, која се смета за света во хиндуизмот, ја шокираа земјата, која се бори со најлошиот светски напад на случаи на Ковид-19.

Иако извештаите во медиумите го поврзаа зголемувањето на телата откриени како пловат во реката и нејзините притоки последните денови од пандемијата, северната индиска држава Утар Прадеш, каде живеат 240 милиони луѓе, досега јавно не ги откри причините за смртта.

„Управата има информации дека телата на оние кои подлегнале на Ковид-19 или која било друга болест се фрлаат во реки, наместо тоа да го сторат во согласност со соодветните ритуали“, изјави високиот државен службеник Маној Кумар Синг. 

Тој побара од селските власти да обезбедат телата да не бидат фрлени во вода и рече дека државната влада ќе им даде на сиромашните семејства на загинатите по 5.000 рупии (по 68 американски долари) за кремирање или погребување.

Државата исто така побара од полицијата да патролира по реките за да се запре практиката.