Министерството за одбрана, на чие чело е министерката Славјанка Петровска, ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини во вредност од 2.600.000 денари или околу 42.276 евра.

На електронскиот систем за јавна набавка објавен е тендер склучен помеѓу Министерството за одбрана со фирмата МАСС-Мобилен санитарен сервис ДООЕЛ Скопје каде што стои дека се изнајмуваат мобилни тоалетни кабини за потребите на командите и единиците на Армијата во време траење од две години.

Вкупната вредност со која ќе бидат платени е 42.267 евра, или месечно Министерството за одбрана за изнајмување на мобилните тоалетни кабини ќе плаќа по 1.761 евра.

Како што објавивме денеска, Независниот синдикат на професионалните војници за в недела закажа почеток на штрајк пред Владата, каде планираат да подигнат шатор.

За овој потег, се уште, нема реакција од Министерството за одбрана и од министерката Петровска за барањата што ги поставува синдикатот.