Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде авиони-ловци Ф-16 на Тајван, во вредност од осум милијарди долари, соопштија неименувани американски официјални претставници.
Таквиот потег дополнително ќе ги зголеми веќе постоечките тензии со Кина.
Зделката со авионите Ф-16 е спорна бидејќи Кина е жестоко против каква било продажба на оружје на Тајван, а посебно против продажба на најмодерни авиони-ловци.
Информацијата доаѓа во момент кога американско-кинеските трговски преговори се затегнати, а во Хонгконг се одржуваат протести, кои, како што многумина стравуваат, би можеле да го принудат Пекинг да тргне во воена акција против поранешната британска колонија.