Австралиската полиција истражува тепачка меѓу сенатор и висок советник поради која има крв во австралискиот парламент, јавија австралиски медиуми.

Органите на редот и парламентарни служби истражуваат за тепачката меѓу 70-годишниот сенатор Брајан Барстон и советникот на популистичкиот сенатор Полин Хансон.

Барстон покажа раскрвавен палец и потоа призна дека размачкал со крв вратата на кабинетот на Хансон. Тој нагласи дека „и доставил целосна информација н аавстралиската полиција“.

На советникот Џејмс Ешби кој е клучен за влијанието на Хансон во австралиската политика, му е  забрането да влегува во Парламентот.