Триесет и седумгодишен охриѓанец е повреден во инцидентот што вчера се случи на улицата „Кузман Капидан“ во Стариот дел на Охрид.

Инцидентот се случил во 17:40 часот, при расправија меѓу Б.М. (40) од Скопје и У.И. од Охрид. Притоа скопјанецот со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на на У.И. кој со тешки телесни повреди бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош.

Портапролот на СВР – Охрид Стефан Димоски појасни дека Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот, како и оти се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите што му претходеле на индицентот.