Германското федерално обвинителство соопшти денеска дека постојат индиции дека напаѓачот кој уби девет лица во барови во Ханау, на 20 километри од Франкфурт, имал ултрадесничарски мотиви и поради тоа, истрагата се води за тероризам.
– Врз основа на што досега го знаеме постои ксенофобична основа поради која тој ги извршил нападите, изјави Петер Беут, министер за внатрешни работи на сојузната покраина Хесен.
Полицијата соопшти дека верува оти напаѓачот се вратил дома по нападот и се застрелал.Напаѓачот, како што хави ДПА поседувал легално огнено оружје.
Напаѓачот кој пукаше и убил осум лица синоќа во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт, денеска е пронајден мртов во неговиот дом. Тоа го објави полицијата во покраината Хесен на Твитер.
Специјалните полициски сили пронајдоа уште еден труп во домот. Истрагата е во тек. Се уште нема информации за други сторители, се вели во соопштението.
Засега нема информации за мотивите на напаѓачот.
Претходно, локалната полиција соопшти дека во пукањето има пет лица тешко повредени.
Билд: Напаѓачот од Ханау објавил екстремнодесничарски ставови во проштално писмо
Осомничениот за пукањето во два наргиле барови во Германија, во кое загинаа девет лица, а кои подоцна изврши самоубиство, оставил проштално писмо во кое се изразуваат екстремни десничарски погледи.
Германскиот весник „Билд“објави дека мажот што го идентификува како Тобијас Р., оставил видео порака во која презема одговорност за нападот.
Тој беше пронајден мртов во неговиот стан во Ханау по нападот, соопшти полицијата.
Повеќе од жртвите се со странско потекло
Голем дел од жртвите на нападот во Ханау, во Германија, биле со странско потекло, јави ДПА повикувајќи се на извори во полицијата.
Сепак, не е јасно дали некој од нив бил странски државјанин.
Турската Влада веќе објави дека некои од загинатите во нападите во наргиле барови во западниот германски град биле турски државјани.
Според извештаите, напаѓачот пукачот влегол во баровите и почнал да убива луѓе.