Денеска во 14.30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на Св.Еразмо, информираат од СВР Охрид за Курир.

-Во незгодата, едно лице го загубило животот, а три се повредени од кои две имаат телесни повреди, тие се префрлени во болницата „Св.Еразмо“, изјавил за КУРИР Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно моторно возило.

Во моментов на местото на незгодата увид вршат полициски екипи.