Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судар на автобус и автомобил во Алжир што се случил денеска, соопшти алжирската противпожарна служба.

Несреќата се случила околу 4 часот по локално време во градот Таманрасет, на околу 1.500 километри јужно од главниот град Алжир, соопшти противпожарната служба.

По сударот избувнал пожар при што изгореле 34 лица, се наведува во соопштението.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Алжир. Минатата година, според официјални извори, во сообраќајни несреќи загинале 907 лица.