Шест девојчиња загинаа, а две лица се повредени во судир на два автомобили на меѓудржавен пат во американската држава Тенеси, соопштија локалните власти.
Како што јавиja локлание медиуми, несреќата се случила во неделата рано наутро по локално време.
На местото на несреќата шесте девојчиња биле пронајдени мртви и според првичните информации се на возраст од 1 до 18 години. Сите биле до превртеното возило од кое најверојатно од силината на ударот испаднале.
Жена, за која се верува дека исто така паднала од истиот автомобил, била пронајдена во критична состојба.
На местото на настанот и била укажана помош пред да биде пренесена со хеликоптер во локалната болница, соопштија официјални лица.
Уште еден маж е повреден и исто така е пренесен во болница.
Возачот на другиот автомобил кој учествувал во несреќата не е повреден.
Жртвите сè уште не се идентификувани и не се знае дали се во роднинска врска. Причината за несреќата, исто така, сè уште не е соопштена.
Истрагата е во тек.