На 24.05.2026 во ОВР Неготино, e пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.




