На 23.08.2026 во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.




