Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи вечерва во изјава за медиумите посочи дека ќе се чекаат официјални информации за бројот на жртви и за целиот тек на истрагата. Дотогаш нема да се даваат изјави.

– И премиерот кажа дека нема да има изјави се додека не се дадат официјални информации како за бројот на жртвите, така и за целиот тек на работата. За жал, ова е сериозна, голема трагедија. Информациите ќе се чекаат откако обвинителите и сите други ќе си ја завршат својата работа, рече Арифи вечерва во Тетово.

Прашана за можните причини за пожарот, градоначалничката рече дека тоа можат да го утврдат само институциите, обвинителите и форензичарите.

-Договорено е и одлучено е да не се даваат изјави се додека не се добијат официјални податоци како во однос на прашањето колку пациенти имало во моментот и во однос на тоа која е причината за целата работа. Од што е настанат пожарот можат да утврдат само институциите, обвинителите и форензичарите. Сите тие се на лице место, ќе работат додека имаат услови – вечерва, утре целиот ден, изјави Арифи.