ТВ21 од владини извори дознава дека вчера на затворена седница на влада поминале предлозите на МНР за амбасадори.

Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи ќе биде назначена за амбасадор на Македонија во ЕУ.

Актуелниот директор на АНБ, Виктор Димовски според информациите, ќе биде назначен за амбасадор во Париз.

Во амбасадорското место во Вашингтон најверојатно ќе седне Зоран Попов, државен секретар во МНР.

Дритон Куќи е предлог на владата за амбасадор во Норвешка.

Мето Белески за амбасадор во Белгија, а пак амбасадорското место во Анкара најверојатно е резервирано за Јован Манасиески.