Тежок и напрегнат телефонски разговор меѓу Ангела Меркел и Бојко Борисов се одвивл викендов. Меркел изречно барала од Борисов Бугарија да прими бегалци во обратна насока, односно бегалци кои се протерани од Германија и другите земји на западна Европа, а кои не добиле дозвола за престој.

Борисов категорично одбил, тврдат извори на бугарски Труд, со аргумент дека позицијата на Бугарија е една и иста – и пред да биде н чело на ЕУ и кога претседателствуваше со ЕУ и после тоа.

Бугарската влада потврдила дека имало разговор, без да соопшти детали. Сепак, весникот додава дека Меркел барала Борисов да го следи примерот на Грција, која ги прима бегалците кои западните земји ги враќаат. Борисов останал на својата позиција.